Во Истанбул поради снежните врнежи откажани повеќе од 200 летови

Поради силните снежни врнежи на аеродромите во Истанбул Ататурк и Сабиха Ѓокчен викендот се откажани повеќе од 200 летови

424263
Во Истанбул поради снежните врнежи откажани повеќе од 200 летови

Поради снежните врнежи на аеродромите Ататурк и Сабиха Ѓокчен во Истанбул авиокомпаниите за денеска откажаа дури 175 домашни и меѓународни летови, а за утре се откажани 35 летови.

Според објавеното соопштение преку официјалната интернат страница на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) поради неповолните временски услови и силните снежни врнежи на аеродромите Ататурк и Сабиха Ѓокчен денеска се откажани 126 домашни и меѓународни летови, а утре не ќе можат да се остварат 35 редовни линии. Патниците за последната состојба во врска со нивните летови можат да добијат информации преку интернет адресата „www.turkishairlines.com“ или од центарот за повици број „444 0 849“.

Авиокомпанијата Пегасус исто така соопшти дека за денеска се откажани 37 домашни и меѓународни летови и дека патниците своите авионски билети ќе можат да ги заменат бесплатно од центарот за повици број 0850 250 67 02.

Авиокомпанијата Атлас Жет соопшти дека денеска се откажани 8 домашни и меѓународни летови и дека за купените авиобилети можат да се добијат информации од центарот за повици број 0850 220 00 00 или преку агенциите.

Авиокомпанијата Онур Еир соопшти дека за денеска биле откажани 4 летови и дека патниците за последната состојба во врска со своите летови можат да бидат информирани или пак да ги заменат своите авиобилети од центарот за повици број 0850 210 66 87.



Слични вести