Почина Мустафа Коч познат турски бизнисмен

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по веста за смртта на Мустафа Коч изрази сочувство до семејството Коч,истакнувајќи дека чувствува голема жалост поради една толку голема загуба како што беше починатиот Мустафа

423901
Почина Мустафа Коч познат турски бизнисмен

Мустафа Коч претседател на управниот одбор на компанијата Коч Холдинг по претрпениот инфаркт итно бил префрлен во американската болница во Истанбул.

И покрај сите напори екипата на лекари не успеала да го спаси животот на Мустафа Коч кој починал во болницата.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по веста за смртта на Мустафа Коч изрази сочувство до семејството Коч,истакнувајќи дека чувствува голема жалост поради една толку голема загуба како што беше починатиот Мустафа.

Изрази на сочувство до семејството на Мустафа Коч упати и премиерот Ахмет Давутоглу кој рече дека смртта на Мустафа Коч претставува голема загуба како за деловниот свет така и за земјава воопшто.

Инаку починатиот Мустафа Коч е роден во 1960 година во Анкара како најстар син на Рахми Коч и трета генерација на семејството Коч.

Се образуваше во странство а во бизнисот влезе во 1984 година како советник во компанијата Тофаш.

Во 1992 година влезе во Коч Холдинг првин како член а потоа како потпретседател на уравниот одбор,и конечно негов претседател.

Мустафа Коч освен во својата компанија беше ангажиран и во биснис светот и тоа како почесен претседател на врховниот консултативен совет на здружението на турските индустријалци и бизнисмени и член на советот за надворешна трговија на истото здружение.

Муфтафа Коч беше почесен конзул на Финска во Истанбул.

Починатиот бизнисмен Мустафа Коч ќе биде погребан во семејните гробишта Зинџирликују во Истанбул на 24 јануари во недела.



Слични вести