Лоша вест од ОН за руската економија

Во извештајот на ОН за глобален економски раст за Русија во 2015 се прогнозира економско стеснување од 3,8-отсто, а за идната година се предвидува дека нема да оствари раст

406249
Лоша вест од ОН за руската економија

Промовирањето на извештајот на ОН за глобален економски раст за 2016 година се одржа со конференција за претставниците на печатот.

Во извештајот им се одделува место и на деталите во врска со очекувањата за раст на регионалните и глобалните економии при што се претпоставува дека Русија оваа година ќе се соочи со економско стеснување од 3,8-отсто, а идната година нема да оствари раст.

Прогнозата за растот на Кина во споредба со онаа пред 6 месеци го намали за 0,1-отсто и во извештајот беше нагласено дека економскиот раст во 2015 година се очекува да изнесува 6,8-отсто, а за наредната година (2016) се предвидува раст од 6,4-отсто.

Најголемата промена во прогнозата за економски раст е остварена во очекувањата за Бразил така што за економијата на оваа земја во 2015 година за која пред 6 месеци се очекуваше намалување од 1,1-отсто ова исто намалување во економскиот раст е ревидирана на 2,8-отсто.

Во извештајот се истакнува дека за САД оваа година се прогнозира економски раст од 2,4-отсто, за наредната 2016 година 2,6-отсто и за 2017 година  раст од 2,8-отсто.

За ЕУ исто така почнувајќи од оваа година во 2016 и 2017 година се прогнозира раст од 1,9-отсто, 2-отсто и 2,2-отсто.

Извештајот во кој се внесени бројки за економскиот раст на сите земји ќе биде објавен во целост на 19 јануари 2016 година. 


Тагови:

Слични вести