Турција и Холандија потпишаа договор вреден 200 милиони евра

Договорот беше постигнат во рамките на манифестацијата „Недела на иновациите“ што се доржа во Истанбул

400479
Турција и Холандија потпишаа договор вреден 200 милиони евра

Турција и Холандија потпишаа договор вреден 200 милиони евра за остварување на проекти на сончева енергија со капацитет од 175 мегавати.

Договорот беше постигнат во рамките на манифестацијата „Недела на иновациите“ што се доржа во Истанбул под покровителство на Сбранието на турските извозници (ТИМ) и Министерството за економија на Холандија.

Со проектот ќе раководат турската компанија Хумарташ Јапи и Енержи и холандската компанија Јакамоз Енерџи.

Договорот за финансирање на првиот пакет на проектот од 57 мегавати, во износ од 64 милиони евра беше потпишан со учество на заменик директорот за меѓународни економски односи при Министерството за надворешни работи на Холандија Гуидо Ландер.

Производството на електрична енергија со првиот пакет на проектот на сончева енергија од 57 мегавати, кој се подржува од страна на Владата на Холандија и претставува плод на соработката меѓу двете земји, ќе започне идната година.

Остварувањето на целосниот проект од 175 мегавати за чие остварување се потребни 200 милиони евра инвестиции се очекува да заврши кон средината на 2017 година.


Тагови:

Слични вести