„Стандард и Пурс" ја намали оценката на 8 американски банки
Агенцијата истакна дека состојбата на 8 банки е стагнирачка
399222
Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ ја намали оценката на 8 американски банки.
Во соопштението објавено од страна на агенцијата беше истакнато дека оценките за кредитен рејтинг на банките Bank of America, Bank of New York Mellon Corp, Citigroup, JP Morgan, Morgan Stanley, State Street Corp, Goldman Sachs и Wells Fargo ги намали за една оценка.
Во соопштението на агенцијата „Стандард и Пурс“ меѓудругото беше истакнато дека состојбата на 8 банки е стагнирачка.