Во Сома кај Маниса пронајдени над 100 тони резерви злато

Министерот за енергија и природни ресурси Али Риза Алабојун истакна дека во населеното место Сома кај градот Маниса биле пронајдени над 100 тони резерви злато

415446
Во Сома кај Маниса пронајдени над 100 тони резерви злато

Една вест која што предизвика воодушевување кај Турција пристигна од градот Маниса.

Министерот за енергија и природни ресурси Али Риза Алабојун истакна дека во населеното место Сома кај градот Маниса биле пронајдени над 100 тони резерви злато.

Пронајдените резерви злато ќе и обезбедат придонес на турската економија во износ од точно 2,5 милијарди долари.

Екипите за пребарување и испитување на руди на крајот од сондажите кои што ги реализираат од 2013 година во Сома пронајдоа наоѓалишта на злато и бакар.

Министерот за енергија и природни ресурси Алабојун рече: „Во рудникот постојат резерви злато од над 100 тони.“

Потенцијалот на Турција со резерви злато изнесува некаде околу 700 тони.

заедно и со новопронајдените резерви вкупните резерви злато на Турција ќе се зголемат за 14-отсто.

Министерот Алабојун воедно напомена дека продолжуваат и работите за зголемување на резервите злато на длабочина од 100 метри.

Во меѓувреме една друга радосна вест пристигна и од населеното место Карапинар кај градот Конја каде што биле пронајдени 2 милијарди тони резерви јаглен.



Тагови:

Слични вести