Берзите Истабул и Техеран потпишаа меморандум за соработка

Меморандумот во име на Берзата Истанбул го потпиша Тунџај Динч а во име на Берзата Техеран Хасан Калибаф

402716
Берзите Истабул и Техеран потпишаа меморандум за соработка

Во Истанбул се потпиша меморандум за соработка меѓу Берзата Истанбул и Берзата Техеран. Меморандумот во име на Берзата Истанбул го потпиша Тунџај Динч а во име на Берзата Техеран Хасан Калибаф. После чинот на потпишувањето на Меморандумот за соработка генералниот директор на Берзата Техеран Хасан Калибаф Асл изјавил дека истиот ќе претставува пресвртна точка во соработката меѓу иранските и турските институции од сферата на пазарот на капитал.

Аси додаде: пазарот на капитал во Иран и во Турција како две соседни земји и земји во развој предвидуваат унапредување на соработката на база на врвен потенцијал, размена на сопствени искуства, размена на песронал како и реализирање на заеднички активности.

Генералниот директоер на Берзата Истанбул Тунџај Динч истакна дека потпишувањето на меморандумот за соработка со Берзата Техеран се реализира во период кога санкциите врз оваа соседна земја се уште не се целосно укинати, и дека соработката меѓу двете берзи може да претставува модел за другите заинтересирани берзи.

Меморандумот за соработка се потпиша после едномесечни преговори и истиот предвидува производите од двете земји да бидат предмет на двете берзи воедно и да функционира моделот на двојни листи како понуди за граѓаните.


Тагови:

Слични вести