Финансиска поддршка од ЕУ за четири земји

ЕУ ќе им додели финансиска поддршка на Алжир, Мароко, Либан и Јордан во вкупен износ од 365,5 милиони евра

359341
Финансиска поддршка од ЕУ за четири земји

ЕУ го соопшти пакетот за финансиска поддршка на четири земји...

ЕУ ќе им додели финансиска поддршка на Алжир, Мароко, Либан и Јордан во вкупен износ од 365,5 милиони евра.

Според објавеното соопштение од Европската комисија 237 милиони евра од овие 365,5 милиони евра ќе бидат употребени за поддршка на приватниот сектор во овие наведени четири земји.

Со овој фонд ќе бидат обезбедени можности за нови вработувања, ќе се даваат стручни обуки и ќе бидат зајакнати претпријатијата од микро, мал и среден обем.

100 милиони евра ќе бидат употребени за подобрување на условите на живот на народот во сфери како што се здравствените услуги и борбата против сиромаштијата.  

Останатите 28,2 милиони евра пак ќе бидат одделени за поддршка на локалните реформи во сфери како што се граѓанското општество и правосудството во Алжир, Мароко и Либан.

Од фондот 25 милиони евра ќе добие Алжир, 180,5 милиони евра Мароко, 25 милиони евра Либан и 135 милиони Јордан.

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан објави писмено соопштение во кое направи проценка на пакетот за поддршка.

Хан истакна дека пакетот ќе обезбеди можности за нови вработувања, ќе го поттикне растот и ќе го покачи животниот стандард  со што ќе обезбеди директен интерес за народите во Алжир, Мароко, Либан и Јордан.

 


Тагови:

Слични вести