Над 140 милиони патници ги користат воздушните линии

Порастот на патниците за изминатите 9 месеци изнесува 9,2 отсто и 140 милиони 685 илјади

389904
Над 140 милиони патници ги користат воздушните линии

Бројот на патниците кои го користат воздушните линии изнесува над 140 милиони.

Генералната дирекција на државното претпријатие за менаџмент со аеродромските услуги (ДХМИ) ги објави податоците за авионите, патниците и товарниот транспорт за септември.

Според податоците, бројот на патниците кои се стекнаа со аеродромски услуги во Турција во септмеври во споредба со истиот период лани се зголеми за 10,3 отсто и достигна 18 милиони 622 илјади. Порастот на патниците за изминатите 9 месеци изнесува 9,2 отсто и 140 милиони 685 илјади.

Вкупниот број на воздушниот сообраќај за септември со пораст од 9,6 отсто во споредба со истиот период лани изнесува 144 илјади.

Во септември, бројот на авионските прелети над турскиот воздушен простор се зголеми за 1,7 отсто односно 33 илјади. На тој начин, со пораст од 8,1 отсто бројот на авионите кои пружаа услуги достигна 176 илјади.


Тагови:

Слични вести