Штрајкот на пилотите на Луфтханза продолжен за 24 часа

Синдикатот на германските пилоти Кокпит одлучи штрајкот кој што започна утрово во 08 часот и се предвидуваше да заврши на полноќ да биде продолжен за 24 часа

343597
Штрајкот на пилотите на Луфтханза продолжен за 24 часа

Пилотите на германската авиокомпанија Луфтханза во последните 18 месеци штрајкуваат по 13-ти пат.

Синдикатот на германските пилоти Кокпит одлучи штрајкот кој што започна утрово во 08 часот и се предвидуваше да заврши на полноќ да биде продолжен за 24 часа.

Луфтханза поднесе барање до судот за стопирање на штрајкот и ова барање ќе биде разгледано од страна на Судот во Фанкфурт.

Како што се наведува од страна на синдикатот, меѓу причините за штрајкот се наоѓа тоа што Луфтханза не покажува заинтересираност кон предлозите како што се подобрување на условите на вработените и барање заедничко решение за растот и вработувањето.

Друго недоразбирање помеѓу авиокомпанијата Луфтханза и синдикатот се и пензионерските плати на пилотите.

Германската авиокомпанија сака да биде зголемена возраста за пензионирање на пилотите која во моментот изнесува 55 години.

Утрешниот штрајк на пилотите на Луфтханза се одразува негативно и на меѓународните летови и карго летовите.

Досегашните одржани 12 штрајкови на пилотите ја чинеа германската авиокомпанија Луфтханза приближно 300 милиони евра.


Тагови:

Слични вести