Прв чекор кон заедничка валута во Африка

Западно Африканските земји кои во економијата и финансиите се огледаат кон Европската унија се состанаа на собир во Дакар главен град на Сенегал

374903
Прв чекор кон заедничка валута во Африка

Собирот го организира Економската заедница на земјите од Западна Африка а целта е воспоставување на заедничка парична единица слично на земјите од Европската унија.

Друга тема за која што се дискутираше на собирот беше унапредување на меѓусебната соработка и зголемување на обемот на трговската размена меѓу земјите кои ја користат заедничката парична единица ЦФА Франкот (ХОФ).

Говорејќи на собирот министерот за финансии на Сенегал Бирима Мангара го истакна значењето на воспоставување на макроекономско приближување меѓу земјите од Западна Африка.

Собир со слична тематика беше одржан и во 2013 година.

 


Тагови:

Слични вести