Двата континенти по втор пат споени под морето

Тунелот Евроазија кој поминува под Босфорот и за кој се планира да биде ставен во примена во декември 2016 година ќе биде на два спрата и сообраќајот ќе се одвива во две насоки

338755
Двата континенти по втор пат споени под морето

Двата континенти Европа и Азија по втор пат се соединија под морето.

Завршија работите за ископување под морето во проектот за изградба на тунелот Евроазија кој ќе ги поврзува двете населби на Истанбул, Ѓозтепе на азискиот и Казличешме на европскиот брег на Босфорот.

Тунелот Евроазија кој поминува под Босфорот и за кој се планира да биде ставен во примена во декември 2016 година ќе биде на два спрата и сообраќајот ќе се одвива во две насоки.

Благодарение на тунелот времетраењето на поминување од едниот до другиот брег на Босфорот од сегашните 110 минути ќе се намали на само 15 минути.

Вкупната должина на проектот на тунелот Ѓозтепе-Казличешме изнесува 14,6 километри од кои 5,4 километри поминуваат под морето, додека 3 илјади 342 метри се ископани директно под водата.

Изградбата на тунелот заврши 6 месеци понапред од планираното и делот од тунелот во должина од 3 илјади 342 метри беше ископан за 490 дена, или 70 недели.

Дневно по тунелот Евроазија под морето низ Босфорот ќе поминуваат по 130 илјади возила колку што поминуваат денеска по копно на површината на земјата.

На тој начин ќе олесне сообраќајот, а исто така луѓето ќе бидат помалку подложени на негативното и штетно влијание на загадувањето на животната средина.

Изградбата на проектот на тунелот Евроазија чини 1милијарда 245 милиони долари.


Тагови:

Слични вести