„Турската економија е во многу силна состојба"

Министерот за економија Нихат Зејбекчи истакна дека Турција е голема и мошне силна земја чија економија се наоѓа во многу силна состојба

337712
„Турската економија е во многу силна состојба"

Министерот за економија Нихат Зејбекчи говореше на церемонијата на свеченото потпишување на протоколот за проширување на Егејската слободна зона во Измир.

Министерот Зејбекчи истакна дека турската економија се наоѓа во многу силна состојба.

Нагласувајќи дека Турција е голема и мошне силна земја, Зејбекчи рече: „Во Турција нема да дојде до криза. Процентот на адекватност на капиталот на нашите банки е најдобар во Европа. Во однос на буџетскиот дефицит сме најдобри во светот. Во тековнкиот дефицит веќе две години постои извонредно подобрување.“ 

Министерот Зејбекчи нагласи дека подобрувањето во надворешно трговскиот дефицит оди кон историски врв и го додаде следното: „Процентот на покривање на негативната разлика меѓу увозот и извозот на крајот на годината ќе достигне до ниво од 80-отсто.“

Министерот за економија Нихат Зејбекчи напомена дека не постои никаква причина за шпекулативниот пораст на девизниот курс во Турција.


Тагови:

Слични вести