Турција петти голем трговски партнер на ЕУ

Европската агенција за статистика (Евростат) истакна дека Турција во првата половина од 2015 година оствари увоз од ЕУ во износ од 41 милијарда евра и извоз во ЕУ во износ од 30,2 милијарди евра

332625
Турција петти голем трговски партнер на ЕУ

Обемот на трговската соработка помеѓу Турција и Европската Унија со секој поминат ден расте.

Според податоците за првите 6 месеци од годинава, Турција стана петти голем трговски партнер на ЕУ.

Европската агенција за статистика (Евростат) истакна дека Турција во првата половина од 2015 година оствари увоз од ЕУ во износ од 41 милијарда евра и извоз во ЕУ во износ од 30,2 милијарди евра.

На тој начин Турција со вкупна трговска размена од 71,2 милијади евра ја престигна Норвешка и стана петти голем партнер на ЕУ.

Во истиот период најголем трговски партнер на ЕУ станаа САД со трговски обем во износ од 308,6 милијарди евра.

Потоа следат Кина со 251,4 милијарди евра и Швајцарија со 125 милијарди вера.


Тагови:

Слични вести