Субвенциите за тур-операторите кои носат туристи ќе продолжат

Поддршката од гориво во износ од 6 илјади долари за авион во периодот април-мај, ќе продолжи да се применува и во периодот од 15 септември до 30 ноември

330075
Субвенциите за тур-операторите кои носат туристи ќе продолжат

Продолжен датумот на субвенциите на тур-операторите кои носат туристи во Турција од Русија, Иран и Заедницата на Независните Држави.

Министерот за култура и туризам Омер Челик во врска со стимулативниот пакет кој што беше ставен во примена за намалување на влијанијата на економската криза во Русија врз туристичкиот сектор во Турција рече: „Поддршката од гориво во износ од 6 илјади долари за авион која што им се исплаќаше на тур-операторите кои носат туристи во Турција од Русија, Иран и Заедницата на Независните Држави во периодот април-мај, ќе продолжи да се применува и во периодот од 15 септември до 30 ноември.“

Велејќи „Во период кога во Шпанија, Франција и Италија е забележано намалување во бројот на руски туристи за над 40-отсто, благодарение на мерките кои што ги презедовме во почетокот на оваа година ова намалување во Турција остана на некаде околу 20-отсто“, министерот Омер Челик го додаде следното: „Овој процент ние очекуваме да опадне и под 20-отсто. Наша цел е падот во бројот на руските туристи кои доѓаат во нашата земја заклучно крајот на оваа година да опадне на ниво од околу 10-отсто.“


Тагови:

Слични вести