Марк Мобиус: Во Турција постојат можности за инвестирање

Искусниот инвеститор на пазарите во развој Марк Мобиус рече дека Турција располага со крајно динамична економија со која со добро квалификуваната работна сила и со извонредните функционери може да влезе на глобалните пазари

324425
Марк Мобиус: Во Турција постојат можности за инвестирање

Претседателот на Групацијата Темплетон искусниот инвеститор на пазарите во развој Марк Мобиус истакна дека во Турција постојат големи можности за инвеститорите.

Мобиус рече дека Турција располага со крајно динамична економија со која со добро квалификуваната работна сила и со извонредните функционери може да влезе на глобалните пазари.

Мобиус кој приближно 40 години реализира инвестирања на пазарите во развој, направи проценка и на можните влијанија над економиите во развој од можното зголемување на каматните стапки од страна на американската Централна банка ФЕД.

Марк Мобиус рече: „Делумно е намалена перцепцијата на ризик на можното зголемување на каматните стапки од САД врз економиите во развој, а бидејќи владее очекување дека зголемувањето на каматните стапки ќе изнесува во мал процент.“

Истакнувајќи дека во наредниот период може да се намали притисокот на доларот врз националните валути на земјите во развој, Марк Мобиус го подвлече следното: „Притисокот на доларот ќе се намали, бидејќи еден дел од националните валути на пазарите во развој досега изгубија голема вредност пред доларот.“

 


Тагови:

Слични вести