Грчката берза се отвара на 3 август во понеделник

На берзата нема да се донесат било какви ограничувања за странските инвестирачи, додека домашните инвестирачи не ќе можат да подигаат пари од банките за да купат акции

310095
Грчката берза се отвара на 3 август во понеделник

Берзата во Грција која 5 недели како е затворена ќе биде отворена на 3 август во понеделник.

На берзата нема да се донесат било какви ограничувања за странските инвестирачи, додека домашните инвестирачи не ќе можат да подигаат пари од банките за да купат акции.

Границата за волатилност на берзата од 30-отсто ќе се намали на 20-отсто.

По постигнатиот договор помеѓу меѓународните кредитори и владата во Атина за новиот пакет за спасување, Европската централна банка запали зелено светло за отворање на берзата во Грција.

Грчката берза беше затворена на 29 јуни кога беа затворени и банките во целата земја.


Тагови:

Слични вести