Крената препреката пред реализацијата на „Турски поток"

Рускиот министер за енергија Александар Новак изјави дека цената на природниот гас за Турција е намалена за 10,25-отсто

309763
Крената препреката пред реализацијата на „Турски поток"

Крената препреката со која беа попречувани разговорите за реализација на проектот „Турски поток“.

Русија се согласи да ја намали цената на гасот за Турција.

Рускиот министер за енергија Александар Новак изјави дека цената на природниот гас за Турција е намалена за 10,25-отсто.

Меѓутоа и покрај оваа изјава засега не е потпишан договор за ова намаление помеѓу Газпром и БОТАШ.

Разговорите за проектот на гасоводот „Турски поток“ низ кој Русија планира гасот за Европа да го испорачува преку Турција беа замрзнати поради тоа што не беше потпишан договорот за намалување на цената на гасот за Турција.

Затоа не започнаа и работите за поставување на цевките на дното на Црното Море, а кои што се од животно значење за гасоводот „Турски поток“.

Сега заедно со оваа изјава за намалување на цената на гасот за Турција што пристигна од руска страна се очекува да биде реализиран и проектот на гасоводот „Турски поток“ што ќе поминува преку Црното Море.


Тагови:

Слични вести