Италија и Египет потпишаа енергетски договор вреден 8,5 милијард

Египетскиот премиер Ибрахим Махлаб престојува во посета на Италија

347247
Италија и Египет потпишаа енергетски договор вреден 8,5 милијард

Италија и Египет потпишаа енергетски договор вреден 8,5 милијарди долари.

Египетскиот премиер Ибрахим Махлаб кој по повод Националниот ден на Египет на саемот ЕКСПО во Милано и средбите во Рим престојува во посета на Италија, вчера на пладневен ручек се состана со италијанскиот колега Матео Ренци.

Според веста на италијанската агенција АНСА, на ручекот на двајцата премиери, лидерите потпишаа 8 посебни договори чија вкупна вредност изнесува 8 милијарди 488 милиони долари и се однесуваат на соработката во енергетскиот сектор меѓу Италија и Египет.


Тагови:

Слични вести