Економијата на ЕУ ќе почне да расте со овој фонд

Потпишан договорот за Европскиот фонд за стратешки инвестиции на ЕУ во износ од 315 милијарди евра.

383990
Економијата на ЕУ ќе почне да расте со овој фонд

Потпишан договорот за Европскиот фонд за стратешки инвестиции на ЕУ во износ од 315 милијарди евра.

По потпишувањето истиот стапи и во сила.

Инвестициониот пакет ќе се користи во финансирањето на стотици проекти за енергија, транспорт, образование и истражување и развој во ЕУ.

Со фондот се има за цел повторно да бидат поттикнати на пораст инвестициите во ЕУ кои во споредба со периодот пред глобалната криза се намалија за 15 до 20 отсто.

Комисијата на ЕУ предвидува дека Европскиот фонд за стратешки инвестиции за 3 години колку што ќе остане во примена ќе го зголеми за 330 до 410 милијарди евра бруто приходот на ЕУ и ќе создаде можности за 1,1 до 1,3 милиони нови вработувања.

Доколку биде ставен во примена пакетот за кој што се предвидува дека повторно ќе ја заживее европската економија, се претпоставува дека ќе обезбеди раст во економијата на ЕУ од 1-отсто.


Тагови:

Слични вести