Зелено светло од ММФ за Грција

ММФ спремни се за помош

335596
Зелено светло од ММФ за Грција

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) запали зелено светло за Грција.

Претседателката на ММФ Кристин Лагард рече дека активно ги следат случувањата во Грција и дека во случај да се достави официјално барање, спремни се за помош.

По гласањето „Не“ на грчкиот народ на референдумот во неделата за пакетот превенции на доверителите, лидерите на политичките партии на земјата се собраа под претседателство на претседателот Прокопис Павлопулос.

Премиерот Алексис Ципрас по состанокот не одржа прес конференција и покрај настојчивите барања на новинарите.

Помалиот партнер на коалиционата Влада, претседателот на партијата Независни Грци (АНЕЛ) и министер за одбрана Панос Каменос рече дека Грците на гласањето покажаа и ја упатија пораката дека се единствени.

Во меѓувреме, поранешниот заменик министер за надворешни економски односи Ефклидис Чакалотос беше именуван на местото на министерот за финансии Јанис Варуфакис кој поднесе оставка.

Од друга страна пак, францускиот претседател Франсоа Холанд и германската канцеларка Ангела Меркел се состанаа во Парис каде што разменија мислења во врска со резултатите од референдумот во Грција.

Холанд рече дека е отворена вратата за преговорите со Грција, додека Меркел рече дека времето се стеснува. Ципрас треба да го достави својот предлог.


Тагови:

Слични вести