Состаноците на ШОС и БРИКС ќе се одржат во Русија

Главна тема на средбите на лидерите ќе биде енергијата

334670
Состаноците на ШОС и БРИКС ќе се одржат во Русија

Русија ќе биде домаќин на состаноците на претседателите и шефовите на држави на земјите членки на Шангајската организација за соработка (ШОС) и Меѓународната политика организација составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република (БРИКС).

Состанокот ќе се одржи на 7 и 8 јули во источниот руски град Уфа, на границата со Казахстан.

Главна тема на средбите на лидерите ќе биде енергијата.

Рускиот министер за енергија Александер Новак рече дека на оваа тема претходно беа остварени одредени активности и дека претходно министрите се состанаа во Мексико. Според претпоставките, анализата на случувањата во светот, промоцијата на новите продуктивни технологии како и споделувањето на искуствата ќе помогнат во унапредувањето и развојот на меѓусебните односи.

Од април наваму Русија е привремен претседавач со БРИКС.


Тагови:

Слични вести