Турската економија е подготвена дури за најлошите сценарија

За продолжување на стабилноста во економијата, нема да биде правилно повторно одржување на избори

309184
Турската економија е подготвена дури за најлошите сценарија

Министерот за економија Нихат Зејбекчи рече дека предвремените парламентарни избори не се приоритет на Владата.

На враќање од Милано, министерот Зејбекчи одговараше на прашањата на новинарите и рече дека ја сфатиле пораката на гласачите. Народот ни препорача да формираме партнерство. Тоа многу добро го разбравме. Сите треба да бидеме конструктивни. Народот ни рече да се усогласиме.

За продолжување на стабилноста во економијата, нема да биде правилно повторно одржување на избори, рече министерот Зејбекчи и потенцираше дека турската економија е во многу добра состојба.

Погрешно е да се рече дека во случај во Турција повторно се одржат парламентарни избори, ќе страда економијата. Со самиот компромис и позитивните чекори што ќе ги фрлиме, економијата ќе ни одговори многу позитивно. Тоа ќе имаме можност да го видиме идната недела, рече министерот Зејбекчи.


Тагови:

Слични вести