Турција ќе гради сопствен носач на авиони

Бродот според планираното ќе треба да им биде предаден на Турските вооружени сили во 2021 година

267731
Турција ќе гради сопствен носач на авиони

Турција ќе гради сопствен брод носач на авиони.

Бродот според планираното ќе треба да им биде предаден на Турските вооружени сили во 2021 година а ќе биде произведен во соработка на домашните компании од одбранбената индустрија Хавелсан и Аселсан.

Бродот ќе се гради во пристаништето Седеф.

Првиот турски брод носач на воени авиони ќе има капацитет за 200 лица, ќе превезува воени авиони, хеликоптери, беспилотни летала и тенкови, а ќе биде опремен и со потполно опремена болница.

Бродот ќе тежи 27 436 тони.

Должината на бродот ќе изнесува 231 метар и ќе располага со капацитет 50 дена да може да плови без било каква логистичка поддршка.


Тагови:

Слични вести