Стартува саемот на одбранбена индустрија ИДЕФ

На саемот се претставени компаниите кои што се дел од одбранбената индустрија како и компании кои соработуваат со нив

261759
Стартува саемот на одбранбена индустрија ИДЕФ

12’от по ред саем на одбранбената индустрија ИДЕФ стартува во конгресниот центар Тујап во Истанбул.

Саемот на свечен начин ќе го отвори претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

На саемот се претставени компаниите кои што се дел од одбранбената индустрија како и компании кои соработуваат со нив.

Саемот ИДЕФ инаку има голема улога во развивањето и унапредувањето на соработката и контактите меѓу домашните и странските производители на производи потребни на одбраната.

ИДЕФ според бројот на учесниците е најголем саем од ваков вид во регионот и петти по големина во светот.

Саемот ИДЕФ ќе биде отворен до 8 мај.

 


Тагови:

Слични вести