Турција трета земја по производството на јагоди во светот

На прво место од аспект на извозот на јагоди се наоѓа Русија

250976
Турција трета земја по производството на јагоди во светот

Претседателот на Турската унија на земјоделските комори (ТЗОБ) Шемси Бајрактар рече дека по САД и Мексико, Турција е трета земја по производство на јагоди во светот.

Бајрактар во писменото соопштение рече дека Турција во последните 10 години, производството на јагоди од 155 илјади тони го зголеми на 376 илјади тони. Производството по еден декар од 1590 кг го зголеми на 2 802 кг.

Турција во 2014 година извезе 14 илјади 286 тони јагоди чија вкупна вредност изнесуваше 17 милиони долари, рече Бајрактар. На прво место од аспект на извозот се наоѓа Русија, а веднаш по оваа земја се наоѓаат Ирак и Романија.


Тагови:

Слични вести