Рекордно учество на саемот во Хановер

Турција на саемот во Хановер учествува со рекордни 225 индустриски компании

234984
Рекордно учество на саемот во Хановер

Најголемиот саем на индустрија во светот, саемот во Хановер Германија кој што се приредува секоја година од 1947 година, и годинава ги отвори своите врати за компаниите и посетителите.

Саемот го отворија канцеларката Ангела Меркел и премиерот на Индија Нарендра Моди.

На саемот учествуваат 6 290 индустриски компании од 67 земји.

Турција на саемот во Хановер учествува со рекордни 225 индустриски компании,како петта земја со најголем број учесници на саемот.

Саемот на индустрија во Хановер ќе биде отворен до 17 април во петок.


Тагови:

Слични вести