Турција безбедносен остров опкружен со огнен круг

Премиерот Ахмет Давутоглу изјави дека во услови кога во останатиот дел од светот се доживува глобална економска криза Турција забележува економски раст

232560
Турција безбедносен остров опкружен со огнен круг

Премиерот Давутоглу говореше на 8. седница на Советот на трговската и стопанската комора на Турција.
Премиерот Давутоглу потсети дека извозот достигна до 160 милијарди долари и дека владата планира во иднина освен во градовите да преземе поттикнувачки мерки за развој на стопанството и во помалите градови.

Процесот за помирување не е само политички и културен процес, тој истовремено е и голем економски и социоекономски просец и со право се смета за еден од најважните импулси на општиот развој на земјата во целина.

Во говорот премиерот Ахмет Давутоглу се осврна и на претстојните парламентарни избори и рече треба да се внимава на две битни стапици и тоа : партијата на власт да не се приклони кон примена на изборната економија, а опозициските партии да не делат само празни ветувања.

Нашата АКП партија во текот на изминатите 12 години колку што е на власт никогаш не примени изборна економија. Ние деновиве ќе објавиме владина програма која ќе се однесува на период до 2023 година, подвлече премиерот Давутоглу.


Тагови:

Слични вести