Фич не ја промени оценката за кредитен рејтинг на Турција

Турција ја сочува оценката на земја во која може да се инвестира

Фич не ја промени оценката за кредитен рејтинг на Турција

Меѓународната кредитна рејтинг агенција Фич не ја промени оценката за кредитен рејтинг на Турција

Оценката за кредитет рејтинг на Турција БББ- беше потврдена од страна на агенцијата и беше прогласена за стагнирачка.

На тој начин Турција ја сочува оценката на земја во која може да се инвестира.

Во соопштението што беше објавено од страна на Меѓународната кредитна рејтинг агенција Фич беше истакнато дека намалувањето на цената на нафтата позитивно се одрази врз инфлационата стапка и тековниот дефицит.

За жал последните случувања негативно се одразија врз извозот на Турција во Русија, Украина и Блискиот Исток.

Фич меѓудругото додаде дека политичкиот притисок врз Централната банка на РТ го прикри позитивниот ефект на намалената цена на нафтата врз тековниот дефицит.

Во проценката на Фич за Турција беше истакнато дека турската лира од почетокот на 2015 година до сега изгуби вредност од околу 10 насто.

Кохерентната и предвидлива монетарна политика може да ја намали инфлационата стапка и позитивно да се одрази врз кредитната оценка на Турција.

Домашните заштеди, структурните реформи кои ќе ги поттикнат директните странски инвестиции исто така ќе имаат слично позитивно влијание врз оценката за кредитен рејтинг на Турција.

Фич меѓудругото соопшти дека банкарскиот сектор на Турција не потпадна под негативно влијание на случувањата во врска со Банк Асја и дека е во добра состојба.

Агенцијата за кредитен рејтинг ја изнесе претпоставката дека економскиот раст на Турција во 2015 година може да остане под 5 насто.


Тагови:

Слични вести