Производството на бела техника во пораст

Првите производствени погони за бела техника во Турција беа отворени во 1959 година

Производството на бела техника во пораст

Според податоците на здружението на турските произведувачи на бела техника производството во секторот во споредба со минатата година забележа раст од 3 насто и 5 насто во извозот .

Инаку секторот на бела техника е едниот од локомотивите на турскиот извоз и со вкупна производствена вредност од 22,5 милиони долари се искачи на првото место во Европа.

Првите производствени погони за бела техника во Турција беа отворени во 1959 година. Во овие погони за една минута се произведуваа 15 машини за перење алишта а денеска за една минута се произведуваат 90 машини.

Кога ќе се фрли поглед на последните 10 години ќе се забележи раст од 100 насто во производството на апарати за домаќинството.

Секторот секоја година остварува 6 насто општ раст така да во 2023 година кога ќе се слави 100 годишнината од основањето на Република Турција секторот за производство на бела техника и апарати за домаќинството ќе оствари раст од 100 насто.


Тагови:

Слични вести