Ердоган свечено го отвори новиот Центар за радари

Во говорот на свеченоста претседателот Ердоган акцентот го стави на домашното производство

267159
Ердоган свечено го отвори новиот Центар за радари

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган свечено го отвори новиот Центар за радари и електронски воени технологии на компанијата АСЕЛСАН во Ѓолбаши кај Анкара.

Новиот центар се простира на површина од 350 000 квадратни километри и компанијата ја чинеше 157 милиони долари.

Во говорот на свеченоста претседателот Ердоган акцентот го стави на домашното производство и рече дека домашното производство особено во одбранбената индустрија има големо стратегиско значење.

На свеченоста присуствуваше и премиерот Ахмет Давутоглу кој што истакна дека успесите кои што ги постигнува Турција во изминатите 12 години нема да предизвикаат летаргија туку напротив дека Турција е решителна до 2023 година да го оствари идеалот на глобална и регионална сила.

После свечените говори претседателот Ердоган и премиерот Давутоглу ги обиколија новите производствени хали на Центарот за радари и електронски воени технологии на компанијата АСЕЛСАН во Ѓолбаши кај Анкара.


Тагови:

Слични вести