Соопштение од С&П во врска со Банк Асја

Одлуката на Агенцијата за банкарска регулатива и супервизија (БДДК) нема да влијае врз кредитниот рејтинг на Турција

213841
Соопштение од С&П во врска со Банк Асја

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Стандард анд Пурс (С&П) соопшти дека одлуката на Агенцијата за банкарска регулатива и супервизија (БДДК) во врска со предавањето на Раководството на Банк Асја на Фондот за осигурување на штедните влогови (ТМСФ), нема да влијае врз кредитниот рејтинг на Турција.

Во писменото соопштение објавено од страна на С&П беше истакнато дека оваа одлука ја оценуваме како исклучителна состојба која не најавува систематски ризици во банкарскиот сектор.
Поединечното учество на Банк Асја во вкупните активи на банкарскиот сектор на Турција е под 0.1 насто, што значи дека одлуката нема шанси лошо да се одрази врз турскиот банкарски систем, бее истакнато во соопштението.


Тагови:

Слични вести