ММФ ги ревидира очекувањата на глобалниот раст

Ревидирањето произлезе од одредени појави на слабост во економиите на земјите од еврозоната, Јапонија, Кина и Русија

190962
ММФ ги ревидира очекувањата на глобалниот раст

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека и покрај фактот што падот на цените на нафтата ја поддржува глобалната економија сепак одредени ризици се уште го забавуваат растот, така што очекувањата на глобалниот раст во 2015 и 2016 година се уште се движат по надолна линија.

Според ревидираниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд за глобалниот раст за тековнава година се предвидува раст од 3,5 насто од претходните 3,8 насто. Прогнозите за глобалниот раст за идната 2016 година од првично предвидените 4 насто се намалија на 3,7 насто.

Ревидирањето на очекувањата произлегоа од одредени појави на слабост во економиите на земјите од еврозоната, Јапонија, Кина и Русија како и од другите фактори кои влијаат врз глобалниот економски раст како што е падот на цените на нафтата, зајакнувањето на доларот и порастот на каматите.


Тагови:

Слични вести