Турција собори рекорд во извозот на лешници

Лани со извозот во 110 земји во светот беа обезбедени 2.5 милијарди долари приходи

171099
Турција собори рекорд во извозот на лешници

Турција произведува 75 насто од светското производство на лешници и лани со извозот во 110 земји во светот обезбеди 2.5 милијарди долари приходи.

Според податоците на Здружението на црноморските извозници на лешници и производи, Турција во периодот од 1 јануари до 31 декември 2014, во 110 земји во светот оствари извоз на 252,5 илјади тони лешници.
Во 2013 година Турција извезе 275 илјади тони лешници во 105 земји и оствари приходи од 1 милијарда 760 милиони долари.
Годинава од извозот на лешници се очекуваат приходи од 2 милијарди 800 милиони долари.


Тагови:

Слични вести