Измир се претвора во европски и светски бренд

Во Кемалпаша кај Измир се формира најголемиот центар за логистика во Турција

166685
Измир се претвора во европски и светски бренд

Ова го истакна министерот за транспорт, поморство и комуникации Љутфи Елван кој додаде дека центарот за логистика кај Измир ќе биде еден од најважните извозни пункта на Турција.

Елван додаде дека инфраструктурата на центарот е при крај, дека истиот ќе има голем придонес за извозот на турските стоки ширум светот и дека благодарение на овој центар Измир ќе се претвори во европски и светски бренд со што уште повеќе ќе добие во значење.

Министерот Елван им препорача на стопанските и трговските комори како и на граѓанските здруженија да се вклучат во развојот на центарот за логистика во Измир преку моделот клуч во рака.


Тагови:

Слични вести