Падот на цената на нафтата поволно се одрази на дефицитот

Цените на нафтата и на нафтените деривати рапидно паѓаат но сепак и покрај тоа треба да се внимава

147670
Падот на цената на нафтата поволно се одрази на дефицитот

Министерот за финансии Мехмет Шимшек изјави дека падот на цената на нафтата поволно се одрази на дефицитот.

Министерот Шимшек им додели плакети на компаниите и поединците кои платија најголем данок во 2014 година.

Плакетите беа доделени на свеченост организирана од страна на Трговска комора на Бурдур.

Шимшек додаде дека цените на нафтата и на нафтените деривати рапидно паѓаат но дека сепак и покрај тоа треба да се внимава. Доколку цената на нафтата падне на 65 долари, процентот на влијанието на дефицитот врз националниот доход ќе се намали за 3,6 насто. Ова практично ќе значи дека дефицитот ќе биде на ниво што нема да претставува проблем, подвлече министерот Шимшек.

Министерот Шимпек вниманието го сврти кон општествените случувања во земјава и рече дека доколку се надминат проблемите кои што се евидентни во општеството Турција ќе биде многу посилна. Општествените проблеми сепак треба да се решат со поголема демократија и поголеми човекови права и слободи, подвлече министерот Шимшек.

 


Тагови:

Слични вести