Златна награда за претседателот на коморите и берзите

Наградата на Хисарџиклиоглу му беше врачена со пригодна свеченост во Економската комора во Виена

137510
Златна награда за претседателот на коморите и берзите

Претседателот на ТОББ Унијата на коморите и берзите на Турција Рифат Хисарџиклиоглу доби златна награда од страна на Економската комора на Австрија.

Наградата на Хисарџиклиоглу му беше врачена со пригодна свеченост во Економската комора во Виена.
Претседателот на Економската комора на Австрија после врачувањето на наградата на Рифат Хисарџиклиоглу рече дека Хисарџиклиоглу многу добро и успешно го претставува турскиот деловен свет и дека со својот конструктивен став и позитивната личност дава голем придонес во меѓусебната соработка и односите.

Заблагодарувајќи се на укажаната чест претседателот на Унијата на турските комори и берзата Рифат Фисарџиклиоглу рече дека 55 насто од вкупниот извоз на Турција се реализира преку копно, но поради котата која западните земји ја применуваат за турските камиони доаѓа до повреда како на духот и принципите на слободната трговија така и на Царинската Унија како правна основа на Европската унија. Ја користам приликата да се обратам до моите австриски пријатели и да ја побарам нивната поддршка за надминување на овој проблем кој што се испречува на патот на турските камионски превозници.

 


Тагови:

Слични вести