Нов период во турско-американските економски односи

Американската трговска комора го отвори вториот регионален офис во Истанбул

198243
Нов период во турско-американските економски односи

Првиот беше отворен во Брисел, Белгија.

По тој повод министерот за обнова Џевдет Јилмаз истакна дека, офисот ќе има голем придонес во обновата како на Турција така и на поширокиот регион. Односите со Турција не се само односи меѓу две земји туку пошироко. Економскиот просперитет ќе донесе поголема стабилност и мир , додаде министерот Јилмаз.

Со 16 трилиони национален доход САД е најголемата светска економија.

Турција се наоѓа на 41 место на списокот на земјите од кои увезуваат САД а на 26 место на списокот на земјите во кои извезуваат.

Моментално обемот на трговската размена меѓу Турција и САД изнесува 20 милијарди долари.

Офисот на Трговската комора во Истанбул има големо значење бидејќи претставува база за Централна Азија, Блискиот исток и Африка.


Тагови:

Слични вести