Турција е прва земја на Европа со најголем економски раст

Турција е прва земја на Европа со најголем економски раст

172146
Турција е прва земја на Европа со најголем економски раст

Турција од аспект на стапката на економскиот раст се наоѓа меѓу првите земји во Европа и ОЕЦД.

Потпретседателот на владата Али Бабаџан во Измир, министерот за економија Нихат Зејбекчи во Самсун направија проценка на стапката на економскиот раст на Турција.
Потпретседателот на владата Али Бабаџан на Советодавниот состанок на собранието на измирскиот огранок на владејачката Партија за правда и развој (АКП) рече дека покрај процесот исполнет со тешкотии, Турција е прва земја на Европа со најголем економски раст.
Министерот за економија Нихат Зејбекчи на Советодавниот состанок на собранието на сиваскиот огранок на владејачката Партија за правда и развој (АКП) се осврна на економскиот раст на Турција во последните 12 години.
Зејбекчи рече дека Турција во последните 12 години оствари економски раст од 5,1 отсто. На тој начин Турција е една од 5-те земји во светот кои постигнаа толку голем раст, додека меѓу 46-те земји членки на ОЕЦД сме на прво место.


Тагови:

Слични вести