Цел на извозот на одбранбената индустрија е 1.5 милијарда долари

Одбранбената индустрија претставува значаен сектор од аспект на економскиот развој на Турциј

117779
Цел на извозот на одбранбената индустрија е 1.5 милијарда долари

Претседателот на управниот одбор на Здружението на турските индустријалци и бизнисмени (ТУСИАД) Халук Динчер рече дека извозот на технологиите во одбранбениот сектор е многу значаен чин и годинава очекуваме извоз од 1.5 милијарда долари.
Динчер во изјавата рече дека одбранбената индустрија претставува значаен сектор од аспект на економскиот развој на Турција и дека се вршат многу значајни активности на тоа поле кои активно ги следат.
Особено политиките на Потсекретаријатот за одбранбена индустрија имаат „клучна улога“ во полето на развојот на одбранбената индустрија, рече Динчер и додаде дека се забележува пораст во учеството на домашните индустријалци во секторот наречен „offset“.
Лани во периодот од јануари до август, одбранбено индустрискиот сектор достигна извоз од 872 милиони долари, додека во истиот период годинава беше остварен извоз од 1 милијарда 51 милион 525 илјади долари. Најмногу производи на одбранбената и воздушна индустрија за наведениот период беше остварен исто како и лани во САД.


Тагови:

Слични вести