Турција ќе го заземе своето достојно место во светот

Од земја со извоз од 36 милијарди долари Турција се искачивме на ниво на земја со извоз од 152 милијарди

116073
Турција ќе го заземе своето достојно место во светот

Министерот Нихат Зејбекчи рече дека Турција како земја која бележи постојан раст и развој ќе го заземе своето достојно место во светот чии економски вредности се изменија.
Во Кајсери доделени наградите на ѕвездите на извозот на Турција.
Во знак на поттикнувањето на извозот, во Кајсери кој важи за значаен индустриски и трговски град, беше одржана свеченоста „Ѕвезди на извозот во 2013 во Кајсери“ на која учествуваа министерот за економија Нихат Зејбекчи и министерот за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз.
Министерот Зејбекчи во говорот на свеченоста на која присуствуваа значајни претставници на деловниот свет подвлече на значењето на кое се искачи Турција од аспект на економијата.
Турција се искачи на ниво на земја која дава долг на ММФ рече Зејбекчи и додаде дека Турција почна со изградбата на еден од најголемите аеродроми на светот. Од земја со извоз од 36 милијарди долари се искачивме на ниво на земја со извоз од 152 милијарди.
Трговската карта на светот се промени и Турција ќе го најде своето достојно место на ова карта рече министерот Зејбекчи потенцирајќи дека Турција решително ќе продолжи со борбата против инфлацијата и каматата за продолжување на економскиот развој.
Министерот за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз во говорот рече дека покрај низата ризици, турската економија продолжува да расте.


Тагови:

Слични вести