Американско –турска соработка во одбранбената индустрија

Турската компанија АСЕЛСАН ќе соработува со американската компанија Аеровиронмент

131893
Американско –турска соработка во одбранбената индустрија

Турската компанија за производство на електронски уреди за потребите на одбранбената индустрија АСЕЛСАН ќе соработува со американската компанија Аеровиронмент во полето на везпилотните летала, поточно за производство на електронски, електрооптички и комуникациски системи за овие летала.

Во меѓувреме турската компанија Алтој се подготвува во Турција да ја донесе технологијата за безпилотните летала до подолг престој во воздухот, која засега не пости во земјава. Алтој истовремено е партнер на американски Аеровиронмент.

АСЕЛСАН потпиша записник со двете фирми за соработка во сферата за развој на технички решенија во цивилното и военото воздухопловство. Според записникот за соработка АСЕЛСАН ќе ја развие производствената технологија за производство на електронски, електрооптички и комуникациски системи за безпилотните летала Глобал Обзервер кои во моментов ги произведува американската фирма Аеровиронмент.

Со оваа соработка АСЕЛСАН ќе постигне голема предност како од аспект на стекнување на нова технологија така и од аспект на освојување на нови пазари во светот.


Тагови:

Слични вести