Претстојните денови се очекува да се намали каматната стапка
Министерот за економија Нихат Зејбекчи рече дека почнувајќи од претстојните денови ќе дојде до намалување на каматните стапки.
Министерот Зејбекчи на прес конференцијата во Денизли се осврна на економските случувања.
Зејбекчи изрази верување дека почнувајќи од оваа недела ќе дојде до намалување на каматните стапки и во тие рамки, Централната банка ќе усвои одлуки со кои ќе се подржи намалувањето на каматните стапки.
Турција за кратко време ќе го постигне успехот од 2013 година кога беа остварени големи инвестиции кои ја оживеаја економијата. Каматната стапка ќе го постигне нивото кое ќе обезбеди поголемо вработување, рече министерот за економија Зејбекчи нагласувајќи дека до крајот на 2014 година се очекува националниот приход по глава на жител во Турција да изнесува над 11.500 долари.