ТУРСКАТА ЕКОНОМИЈА НА ДНЕВНИОТ РЕД НА АМЕРИКА

Министерот за економија Нихат Зејбекчи говореше на панелот на тема “ Турско-американски економски односи“ во институтот Брукингс во Вашингтон

68553
ТУРСКАТА ЕКОНОМИЈА НА ДНЕВНИОТ РЕД НА АМЕРИКА

Министерот за економија Нихат Зејбекчи говореше на панелот на тема “ Турско-американски економски односи“ во институтот Брукингс во Вашингтон. Министерот Зејбекчи во оваа прилика истакна дека Турција придава големо значење на Трансатлантската Трговија и Партнерското Инвестирање тема за која доста се говори на средбите и разговорите меѓу САД и Европската Унија.

Турција смета дека треба да биде вклучена во оваа партнерство, рече министерот Зејбекчи и како потврда на тоа ги посочи успесите на турската економија во последните 10 години. Турција има склучено договор со Европската Унија и со Царинската Унија и дека како резултат на тоа има поголеми предности од другите земји во регионот. Доколку турција остане надвор од границите на трансатлантскиот трговски договор тоа ќе значи голем удар за нејнината економија.

Турција има голема стратегиска улога и поаѓајќи од географската положба има големи можности за воспоставување на трговски односи со африканските земји и земјите од Блискиот Исток. Факт е дека САД се глобална сила, но исто така факт е дека Турција е регионален актер така што нивната меѓусебна соработка ќе значи силна порака до светот.

За големиот економски напредок на Турција постигнат во последните 10 години зборуваше и Хозе Фернандез поранешен заменик американски министер за надворешни работи.Тој рече дека Турција многу напредна во последните 10 години, дека има големи можности во унапредувањето на билатералната трговија, особено во инфраструктурата, технологијата и енергетиката. Фернандез ги повика бизнисмените од двете земји да вложуваат во овие сектори.

 


Тагови:

Слични вести