ТРТ Радио
Радио
Често се жалиме дека научните и технолошките достигнувања доцнат во нашата земја... Додека од аспект радиото, состојбата е обратна. Имено на 6 мај 1927, радио авантурата на турското општество започнува речиси в исто време со светот. Со формирањето на Турската радио и телевизија (ТРТ) на 1 мај 1964 година, радиото се стекнува со нов интензитет. Денес ТРТ со 5 национални, 5 регионални, 3 локални и 5 меѓународни радио канали, согласно начелата и одговорноста на јавен радиодифузен сервис, непристрасна и принципиелна радидифузија, со правилниот литературен и убав турски јазик, информативните, научни, образовни, културни, музички, забавни содржини денес им се обраќа на сите граѓани ширум целата земја.
ТРТ РАДИО 1 Образование, култура, вести… За сите оние кои што чувствуваат потреба за информации и стекнување со нови знаење… Наука, уметност, книжевност, театар, спорт, екологија, економија, магазин... Сè за животот… Точно, непристрасно, брзо информирање и новинарство... Низ цела Турција, преку сателитите и интернет до целиот свет … ТРТ Радио 1 од 1927 до денес... Секаде каде што имате пристап до радио...
ТРТ ФМ Вашиот доверлив, близок пријател, сопатник… Со жива и динамична радиодифузија, музички листи, најпопуларни и најбарани желби… Низ цела Турција, преку сателитите и интернет до целиот свет... ТРТ ФМ радио кое ги зближува далечините.
ТРТ РАДИО 3 Најистакнати музички интепретатори и композитори со богатата лепеза од Елвис Присли до Џоан Баез, од Френк Синатра до Чајковски, од Моцарт со Сара Воан… Синтеза на класичната и модерната музика… Низ цела Турција, преку сателитите и интернет до целиот свет…
ТРТ НАГМЕ Избрани мелодии од архивата на ТРТ и нови снимки… Хорови, желби на слушатели, неспоредливите и уникатни мелодии на Турската класична музика во живо… Низ цела Турција, преку сателитите и интернет до целиот свет...
ТРТ ТУРЌУ Изреки, разни видови народни песни, жалопојки… Гласови од татковината (Yurttan Sesler), народни поети, аматерски ансамбли… Историско наследство кое се пренесува од старите на младите поколенија… Низ цела Турција, преку сателитите и интернет до целиот свет...
ТРТ МЕМЛЕКЕТИМ ФМ Убавите моменти на животот кои ќе ве насмеат, миграциските авантури, приказните за постигнатите успеси, вредностите на земјава, сличните состојби на сите ние во светот и многу музика… Музика и разговори за младите и оние кои што не ја напуштаат младоста, на брановите на ТРТ Мемлекетим ФМ … Радиото ТРТ Мемлекетим ФМ, можете да го слушате секој ден во неделата од 09.00 – 18.00 преку интернет, сателитска или кабловска телевизија… Желбата да слушнете некоја песна или мелодија која ја сакате, да му подарите на некој сака или сакана, па дури самата намера да ги споделите вашите мислења се на еден клик оддалеченост од радосниот и весел глас на Турција, на брановите на ТРТ Мемлекетим ФМ…
ТРТ ТСР 24 часовно радио емитување за нашите граѓани и сограѓани во странство… „Радиото Глас на Турција“ кое ги пренесува ставовите на Турцја во однос на низа внатрешни и надворешни прашања и кое има голем придонес во промовирањето на нашата земја, денес се емитува на 37 јазици.
РАДИО ТРТ АНТАЛЈА Од 1962 до денес… Разноличните убавини и колорити, музиката, културата и традицијата на Медитеранот… Со регионално емитување во Медитеранскиот регион во текот на неделата од 10.00 до 12.00, за викенд од 10.00 до 12.30, од 13.00 часот само еден час на брановите на каналот ТРТ Турќу, во Турција и светот…
РАДИО ТРТ ЧУКУРОВА Од 1968 до денес… Мирисот, секојдневниот живот, регионалните вредности на планинскиот венец Торос (Таурос)… Со регионално емитување во регионот Чукурова секоја недела од 10.00 до 12.00, за викенд од 10.00 до 12.30, од 16.00 часот само еден час на брановите на ТРТ Турќу, во Турција и целиот свет …
РАДИО ТРТ ГАП ДИЈАРБАКИР Од 1964 до денес… Културата, гласот на регионот и фолклорот на Југоисточна Анадолија… Со регионално емитување во подрачјето ГАП секој ден во неделата од 10.00 до 12.00, за викенд од 10.00 до 12.30, од 15.00 часот во текот на еден час на брановите на ТРТ Турќу, во Турција и целиот свет…
РАДИО ТРТ ТРАБЗОН Од 1968 до денес… Црноморскиот регион на Турција со богатото зеленило, синило, сирења, кеменче (вид гусла)... Со регионално емитување во Црноморскиот регион во текот на неделата од 10.00 до 12.00 часот, за викенд од 10.00 до 12.30, од 14.00 часот само еден час на брановите на ТРТ Турќу во Турција и целиот свет…
РАДИО ТРТ ЕРЗУРУМ Од 1960 година наваму… Источна Анадолија со песните и фолклорот… Со регионално емитување во Источна Анадолија секој ден во неделата од 10.00 до 12.00, за викенд од 10.00 до 12.30 часот, од 17.00 часот само еден час на брановите на ТРТ Турќу во Турција и целиот свет…
ТРТ КЕНТ РАДИО АНКАРА Се за градот… За да се запознаете со сите случувања во градот, препуштете се на радио емисии и брановите на ТРТ Кент… ТРТ Кент Радио Анкара се емитува на фреквенција од FM 105.6 во Анкара.
ТРТ КЕНТ РАДИО ИСТАНБУЛ Се за градот… За да се запознаете со сите случувања во градот, препуштете се на радио емисии и брановите на ТРТ Кент… ТРТ Кент Радио Истанбул се емитува на фреквенција од FM 106.6 во Истанбул.
ТРТ КЕНТ РАДИО ИЗМИР Се за градот… За да се запознаете со сите случувања во градот, препуштете се на радио емисии и брановите на ТРТ Кент… ТРТ Кент Радио Измир се емитува на фреквенција од FM 99.1 во Измир.
ТРТ РАДИО КУРДИ Радио каналот на курдски јазик кој што има за цел да даде придонес во зајакнувањето на единството и интегритетот на земјата, преку современиот начин на радио емитување на курдски јазик им се обраќа на слушателите од сите возрасти… Емитувањето на ова радио започна на 1 септември 2009 година како Радио 6 и гласот го шири до регионот Југоисточна Анадолија. Освен тоа што ги зајакнува односите и врската меѓу народот на регионот и државата, исто така позитивно се одразува и врз меѓународните односи на Турција
.
ТРТ РАДИО ХАБЕР Информативен програм, вести, временска прогноза и состојба на патиштата, културни и уметнички активности... Точни, непристрасни и вести за брзо информирање на граѓаните.