Досие анализа на неделата: Самитот на НАТО и турско-американските односи

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)...

1660258
Досие анализа на неделата: Самитот на НАТО и турско-американските односи
Erdoğan Biden.jpg
Erdoğan Biden 4.jpg
Erdoğan Biden Süper

На чело на прашањата коишто будеа најголема заинтересираност во рамките на одржаниот Самит на НАТО во главниот град на Белгија, Брисаел, се наоѓаа турско-американските односи.

Средбата Ердоган-Бајден исто како и претходните средби беше критична и беше од значење во својство коешто ќе блијае на наредниот неколкугодишен период помеѓу администрацијата на Бајден и Турција. Турција во нејзините односи изнесе на преден план три принципи.

Првиот од нив, беше повторната изградба на една идејна рамка во однос на дефинирањето на билатералните односи. По Студената војна и двете страни употребија бројни концепти за дефинирање на односите. Беа претпочитани бројни рамковни концепти како стратешко партнерство и модел партнерство коишто всушност не можеа да бидат исполнети од аспект на билатералните односи. Некои од нив, или никако не можеа да бидат исполнети, или не можеа да отидат потаму од формирање на психолошка атмосфера којашто им придава насока на мошне краткорочните односи. Затоа Турција посака врска со која што ќе се почитува нејзината независност и урамнотежена врска.

Како второ беше прашањето билатералните односи да бидат во усогласеност со вистините. Турција повторно потсети дека нема полза одредена врска далеку од вистината на теренот. И управата во Вашингтон разбра дека Анкара нема да биде желна по прашањето на носење на турско-американските односи оддалечени од вистината. Изјавите коишто ги даде американскиот претседател Џо Бајден покажаа дека е желен во точката на решавање на присутните проблеми со Турција.

Најкритичното рамниште на турско-американските односи пак, беа доживеаните недоразбирања по прашањата коишто не се усогласуваат со вистините. На средбата беа повторно разгледани прашањата како ПЈД/ЈПГ, ФЕТО и С-400. Од друга страна, беше изнесено дека не е премногу можно да се остават настрана и да се изостават од вид санкциите коишто ги спроведуваат САД во рамките на КААТСА (Законот за борба против американските противници по пат на економски санкции). И двајцата лидери истакнаа дека надлежните министерства ќе бидат во контакт во врска со ова прашање. На тој начин, би можело да се очекува во наредниот период да бидат олеснети одредени проблеми.

Едно друго прашање коешто беше потцртано на разговорите е турско-американските односи да бидат направени одржливи. Како што би можело да се разбере и од дадените изјави по средбата, и двете земји сакаат овие односи да ги направат одржливи.

Доколку Турција и САД можат да постигнат одреден компромис во однос на овие три принципи, тогаш другите проблеми би можеле да се разгледуваат пореално. Надворешнополитичката стратегија којашто ќе ги изоставува растечкиот профил на моќ и надворешнополитичкиот активизам на Турција, е осудена на неуспех. Се гледа дека САД го видоа и разбраа тоа.

Затоа, Самитот на НАТО на 14 јуни во главниот град на Белгија, Брисел, понуди добра можност за отворање на нова страница во турско-американските односи.

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)...



Слични вести