Протестен митинг во германскиот град Ханау против тероризмот и непријателството кон исламот

Илјадници лица кои на протестниот митинг „Заедно против тероризмот и непријателството кон исламот“ се собираа на плоштадот Курт-Шумахер во Ханау, со транспаренти со проколнување на тероризмот маршираа кон Маркткплац во центарот на градот

1364778
Протестен митинг во германскиот град Ханау против тероризмот и непријателството кон исламот
almanya.jpg

Вчера во градот Ханау во Германија приближно 10 илјади лица одржаа мирен митинг во знак на протест против расистичкиот терористички напад во средата минатата недела, во кој беа убиени 9 лица.

Илјадници лица кои на протестниот митинг „Заедно против тероризмот и непријателството кон исламот“ се собираа на плоштадот Курт-Шумахер во Ханау, со транспаренти со проколнување на тероризмот маршираа кон Маркткплац во центарот на градот. 

На протестот поддржан од страна на различни граѓански организации, освен блиските на загинатите во расистичкиот терористички напад учествуваа голем број лица од градот Ханау од други германски градови, како и од различни земји во Европа и од Турција. 

На протестниот митинг којшто започна на плоштадот на градот со читање на Куран и на значењето на германски јазик, а потоа се читаа дови (молитви) за загинатите во нападот, имаше учество и од страна на голем број Германци и од различни други народи и национални припадности.

Откако беа прочитани имињата на загинатите во расистичкиот терористички напад во Ханау, им беше оддадена и почит на жртвите со едноминутно молчење.



Слични вести