На денешен ден, 11 јули

На денешен ден 1995 година, беше извршен геноцидот во Сребреница, во Босна и Херцеговина, кога од страна на српската војска под команда на Ратко Младиќ беа безмилосно измасакрирани приближно 8 илјади Бошњаци

1233706
На денешен ден, 11 јули

- На денешен ден 1740 година, беше извршен погром врз  Евреите кои беа протерани од Мала Русија, односно денешна Украина.

- На денешен ден 1895 година, браќата Огист и Луј Лумиер им ја претставија на научниците својата филмска технологија.

- На денешен ден 1962 година, со посредство на сателитско пренесување беше емитувана првата телевизиска емисија преку Атлантикот.                                                                                                

- На денешен ден 1975 година, во древната престолнина на Кина Сиан беа пронајдени 6000 глинени војници изработени од глина, во вистинска големина и наоружани, кои што датираат од пред 2000 години. Зачуди тоа што ниту едниот од тие војници не личеше еден на друг.

- На денешен ден 1985 година, 10 илјади жени се собраа во Најроби за Меѓународната конференција на жените.

- На денешен ден 1995 година, беше извршен геноцидот во Сребреница. Српската војска под команда на Ратко Младиќ во Сребреница во Босна и Херцеговина го започна масакрот во Сребреница во кој беа убиени приближно 8 илјади Бошњаци.

- На денешен ден 1996 година, од Француска Гвајана беше лансиран сателитот Турксат кој се смести на неговата привремена орбита. 

- На денешен ден 2000 година, по смртта на сирискиот пртеседател Хафиз Асад, неговиот син Бешар Асад како единствен кандидат со референдумот што се одржа беше избран за претседател на Сирија.



Слични вести