На денешен ден, 10 јули

На денешен ден 1921 година, со офанзивата на окупаторската грчка армија започнаа борбите кај Ќутахја и Ескишехир, за време на народноослободителната борба која што се водеше по Првата светска војна

1233022
На денешен ден, 10 јули

- На денешен ден 1894 година, во Истанбул се случи земјотрес во кој животот го загубија 474 лица.

- На денешен ден 1913 година, во Долината на смртта во Калифорнија е измерена температура од 56,7 степени Целзиусеви. Тоа претставува највисока измерена температура во Соединетите Американски држави (САД).

- На денешен ден 1921 година, со офанзивата на окупаторската грчка армија започнаа борбите кај Ќутахја и Ескишехир, за време на народноослободителната борба која што се водеше по Првата светска војна.

- На денешен ден 1947 година, Мухамед Али Џинах е назначен за генерален гувернер на Пакистан кој беше формиран по поделбата на Индија на два дела.

- На денешен ден 1962 година, Соединетите Американски Држави (САД) го лансираа во вселената сателитот Телстар за интерконтинентална комуникација.

- На денешен ден 1971 година, некои единици на мароканската армија извршија обид за револуција против кралскиот режим. Во земјата беше прогласена Република.

- На денешен ден 1991 година, Борис Елцин стапи на должност како претседател на Русија.



Слични вести