На денешен ден, 08 Јули

На денешен ден 1997 година, НАТО ги покани Република Чешка, Унгарија и Полска за пристапување кон сојузот во 1999 година

1232111
На денешен ден, 08 Јули

- На денешен ден 1833 година, помеѓу Османлиската Држава и Царска Русија беше потпишан договорот од Хунќар Искелеси.

- На денешен ден 1889 година, беше објавен првиот број на весникот „The Wall Street Journal“.

- На денешен ден 1929 година, дипломираше првата генерација студенти на Правниот факултет при Анкарскиот Универзитет.

- На денешен ден 1937 година, по анексијата на Етиопија од страна на Италија, меѓу Турција, Иран, Ирак и Авганистан беше потпишан пактот за ненапаѓање познат по името Пактот Садабат.

- На денешен ден 1948 година, во Турција стапи на сила законот за раздавање на државното земјиште на земјоделците кои не поседуваа земјиште.

- На денешен ден 1997 година, НАТО ги покани Република Чешка, Унгарија и Полска за пристапување кон сојузот во 1999 година.

- На денешен ден 1999 година, во сојзуната држава Флорида, во Соединетите Американски држави (САД), беше извршена смртната казна, односно беше егзекутиран на електрична столица осуденикот по име Ален Ли Дејвис. Со тоа за последен пат беше употребена електричната столица во Флорида.

 

 



Слични вести